Муцунски: Ќе го земеме примерот од Словенија за заштита на животната средина на Општина Аеродром

Тимчо Муцунски/ Фото: Архива на „Слободен печат“

Во Словенија се сретнав со претседавачот на Европскиот совет за животна средина и министер за животна средина и просторно планирање на Република Словенија Андреј Вижјак. Тој ни вети помош и поддршка во креирањето на Општина Аеродром во зелена општина, поддршка за сите еко проекти кои ги имаме во програмата, информира во пишана изјава кандидатот за градоначалник на Општина Аеродром, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцински.

Тој посочи дека Словенија е најдобар пример за зелена нација која инвестира многу во животната средина.

– За нас овој состанок е идеален за да придонесеме во развој на Општина Аеродром. Ќе го земеме примерот од нашите пријатели од Словенија за развој и дигитализација и ве уверуваме дека ќе имаме поддршка од нив во сите проекти со што Аеродром ќе го направиме најубава општина, нагласува Муцински.

Додека некој се занимава со навреди, дополнува, некој работи за иднината на Општина Аеродром.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот