Муцунски: Доколку граѓаните сакаат, ќе се воведе зонско паркирање во Стар Аеродром и во Ново Лисиче

Фото: Општина Аеродром

Еден од најголемите проблеми на аеродромци е паркинг просторот

Градоначалникот на Општина Аеродром Тимчо Муцунски најавува конечно решавање на проблемите со паркирањето на целата територија на Општината. Според него, Општина Аеродром ќе превземе конкретни чекори и ќе спроведе анкета преку урбаните заедници односно куќните совети/управителите на станбените објекти кои не се опфатени со зонското паркирање. Според него, доколку граѓаните се изјаснат дека сакаат зонско паркирање тогаш се планира негово воведување на повеќе места како Стар Аеродром и Ново Лисиче.

Утрово заедно со директорот на ЈП „Градски Паркинг“ Бојан Христовски направивме обиколка низ нашата општина и разговаравме за воведување на зонско паркирање на територијата на Општина Аеродром. Ги поминавме сите критични точки за паркирање во нашата општина и се обврзавме дека ќе излеземе во пресрет на локалните жители. Токму затоа во наредниот период како Општина Аеродром планираме да преземеме конкретни чекори и спроведување анкета – истакна градоначалникот на Општина Аеродром Тимчо Муцунски.

Според него, освен воведувањето зонско паркирање планирано е да се започне и со имплементација на она што го ветил во предизборната кампања, а тоа е воведување на косо паркирање што според него ќе обезбеди уште поголем број на места за паркирање.

Еден од најголемите проблеми на аеродромци е паркинг просторот и заедно со ЈП „Градски Паркинг“ ќе изнајдеме решение кое ќе биде прифатливо за сите – заклучува Муцунски.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот