МУ СЕ ЗАКАНУВАЛЕ ДЕКА ЌЕ ГО СИЛУВААТ: Рускиот војник кој застрела осум колеги не жали за своите постапки

Фото: 72.ru

Рускиот војник кој застрела осум колеги во далечниот исток на Русија минатиот месец, нападот го спровел поради тоа што бил понижуван и добивал закани дека ќе биде силуван, стои во неговото сведочење и изјавата на неговиот татко објавена денес, пренесе „Москва тајмс“.

Војникот Рамил Шамсутдинов (20) беше уапсен на 25 октомври во воената база кадешто служеше, и беше обвинет за убиство. Министерството за одбрана на Русија првенствено како мотив за нападот посочи дека војникот имал нервен слом, додека потоа се зборуваше за понижување и наметнување на напорни и понижувачки задачи за војникот во единицата 54160 во градот Горни, во Забајкалскиот крај.

– Тој ден, офицерите ме предупредија дека ќе ме силуваат. Знам дека тоа го правеле на помладите пред мене. Немав каде да одам, што требаше да правам? – наводно рекол Шамсутдинов.

Неговиот татко, Салимжан Шамсутдинов, преходно изјави дека „константното и пролонгирано малтретирање на неговиот син го натерало да пука во колегите.

Во изјави за руските медиуми, тој се потсетил дека неговиот син му рекол: „Жал ми тато, не можев да постапам различно. Или тие ќе ме убиеја мене или јас нив“. Шамсутдинов не жалел за неговите постапки, рече неговиот татко.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот