Му се заканува отказ: Полицаец привел полуголи Плејбој зајачици во Мајами (ВИДЕО)
Полицаец од Мајами се нашол во непријатна ситуација, дури му се заканува и отказ само затоа што спровел три оскудно облечени девојки до полициската станица. Работата поприлично се искомплицирала.
Проблемот е во тоа што девојките, предводени од зајачицата Франсиа Џејмс, биле навистина невини. Тие всушност снимале приказна за на Инстаграм, а полицаецот кој бил на смена одлучил да ги приведе под образложение дека го нарушуваат јавниот ред и мир.
Полицаецот, како што се гледа на видеото, немал ништо против тоа. Ги „испратил“ до неговото работно место, каде што Франсиа го прашала:
„Ти се допаѓаат добри или лоши девојки? Кој ќе нè спаси?
Во другото објавено видео му се заблагодарила на „Бил“ што ги пуштил.
„Нема проблем. Уживајте во заедницата која сакам да ја штитам. Ви сакам пријатен ден, дами“, одговорил полицаецот.
Бидејќи Франсиа има повеќе од два милиони следбеници, видеото во станицата било забележено истиот ден, а Бекер е осомничен за кршење на дисциплината. Управителот повикал внатрешната контрола која сега треба да утврди колку згрешил. Во моментов е суспендиран, барем додека не се утврдат сите факти.