Му се шетало: Лав побегнал од Национален парк и свртел кругче низ градот

Фото: EPA/DANIEL IRUNGU

Лавот што побегнал од Националниот парк Најроби и шетал низ густо населениот град Онгата Ронгаи, фатен е и безбедно префрлен на ветеринарен преглед пред да биде вратен на своето живеалиште, јави Анадолија.

Лавот бил фатен од киниската служба за заштита на природата откако жителите на населбата кренале паника.

Од кениската служба за заштита на природата велат дека лавот бил заглавен меѓу еден бетонски ѕид и железни плочи. Лавот бил успан со стрелка, имобилизиран и безбедно транспортиран.

Ова не е прв ваков случај од Националниот парк во Најроби да побегне лав. Во 2019 година при таква ситуација, избеган лав уби човек што чувал стока.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот