Му „пукна“ филмот на Мареј: Зборувам со судијата, „ЗАМОЛЧИ“! (ВИДЕО)

twitter.com/tennis_phil

Во текот на мечот од 1/16 финалето помеѓу италијанскиот и британскиот тенисер имаше и тензични моменти.

Во третиот одлучувачки сет при резултат 5:5 Фоњини викна во момент Мареј требаше да удри еден волеј. Погоди Енди, но потоа започна вербална борба со гестови помеѓу играчите во гемот кој Мареј го освои и повторно сервираше за победа.

Мареј се жалеше дека Фоњини „тоа го прави на секој меч“, без разлика со кој игра, а додека зборуваше со судијата, му рече на својот противник од Италија да замолчи.

Мечот траеше дури три часа и 11 минути, а за пласман во четвртфиналето италијанскиот тенисер ќе игра со подобриот од дуелот Тејлор Хари Фриц – Карен Хачанов.

Фоњини го совлада поранешниот прв светски рекет со 7:6 (4), 2:6, 7:6 (2), иако Шкотот двапати сервираше за меч во третиот сет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот