Му пукна филмот: Градоначалник пикна мигранти во комбе и ги истовари пред владата во Рим

Фото: Profimedia

Градоначалникот на Гонарс, гратче на северот од Италија близу Удине, Иван Боемо во општинското комбе пикнал петмина мигранти за кои тврдат дека се малолетни, па утрово тргнал кон Рим каде имал намера да ги истовари пред палатата Киџи, седитштето на владата.

Како што наведува весникот Удине Тудеј, Боемо тврди дека локалните власти не можат да го издржат притисокот на мигрантите кои постојано доаѓаат и дека со овој гест сака да испрати силна порака до централната влада дека „границите треба да ги затворат“.

Миграните кои градоначалникот ги возеше до Рим се по потекло од Бангладеш и локалната полиција ги откри рано утрово.

Градоначалникот претходно говореше дека „дури и со свои пари“ ќе се обиде да го реши проблемот на доаѓањето на мигрантите, и се закани дека ќе организира стражи сочинети од граѓани за да се одбранат од мигрантите.

Изминатите денови владата во Рим вети дека ситуацијата со мигрантите ќе ја реши, но само се остана на ветување.

Не е познато на какво прием наишле во Рим градоначалникот и мигрантите, но здравствените работници засега изразија страв деак градоначалникот и полициската придружба би можеле да „закачат“ коронавирус, зошто мигрантите, кои се фатени утрово при преминувањето на границата, не биле тестирани од заразата.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот