„Му пишав порака во вторникот, а тој ми врати: Ти си едно големо срце“: Познатите се простуваат од Драган Вучиќ!

Фото: Принтскрин

Не може, а да не ви надојдат солзи на очите ако денеска ги читате социјалните мрежи каде илјадници луѓе се простуваат од легендата на македонската музичка естрада Драган Вучиќ.

Секој што го познаваше Драган барем малку или пак тие што имаа среќа да соработуваат со него имаат само најубави зборови за човекот кој повеќе 25 години успешно пловеше во водите на естрадата…

Тешко е да се каже дали Драган беше подобар како композитор, пејач или шоумен, но важно е дека за многумина тој беше голем човек..

Дека Драган имаше луѓе што навистина го сакаа и го ценеа она што го правеше изминатите години, говорат и овие пораки за последно збогум кои ги видовме на социјалните мрежи.

Познатиот водител Драган Б. Костиќ напиша неколку емотивни зборови и сподели видео од гостувањето на Вучиќ во неговата емисија…

Од Драган се прости и неговиот добар пријател, хармоникашот Горан Алачки. Тој напиша:

Емотивна порака напиша и композиторот и пејач Александар Митевски….

И познатата фолк-пејачка Елена Велевска не можеше да ги сокрие емоциите, па на својот профил на Фејсбук напиша:

Емотивна порака остави и Панчо од ДНК. Тој во напишаното кажа дека кога разбрал за Драган дека е на Инфективна клинка, му испратил СМС-порака и му посакал побрзо закрепнување…

„Патувај Вучко, нека ти е светол патот, почивај во мир …и да…не заборавај да го поздравиш татко ми“ – напиша водителката Лила Филиповска, објавувајќи заедничка фотографија со Драган.

 

View this post on Instagram

 

Крај на една ера ??? не постои подобар начин да се одаде почит кон ликот и делото на еден човек како Драган Вучиќ. Неговиот ведар дух, непресушен оптимизам и желба за работа вечно ќе бидат запаметени од луѓето кои го познаваа. А тој , тој си го живееше животот како што тој сакаше…со песна, дружба, забава….јас знам дека истото ќе го прави и таму каде што е сега некои работи никогаш нема да се сменат. Патувај Вучко,нека ти е светол патот ,почивај во мир …и да…не заборавај да го поздравиш татко ми ?????? Искрено сочувство до Весна и Мартин ?

A post shared by Lila (@lilafilipovska) on

Се прости и водителката Снежана Лупевска Созен…

Неговиот млад колега Жарко Димитриовски преку видеопорака раскажа за соработката со легендарниот Вучиќ…

Од Драган се простија и нашите познати пејачки Каролина Гочева и Тамара Тодевска.

И актерот Драган Спасов – Дац се потсети на една нивна заедничка средба….

Има уште многу вакви пораки на социјалните мрежи, но едно е повеќе од јасно – изгубивме човек кој навистина ќе ни недостига. Утеха може да биде само големото богатство што го остави тој зад себе, од кое ќе можеме да учиме и да се сеќаваме на едни убави времиња…

 

Почина Драган Вучиќ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот