„Му купив гаќи и патики, дека немало таму“: Весна Бејби се збогуваше со синот и објави емотивна порака! (ВИДЕО)

Фото: Инстаграм

Една од нашите најпознати актерки, Весна Петрушевска – Бејби преку социјалните мрежи се збогуваше со нејзиниот син Кирил (17).

Имено, синот на Бејби ќе се сели во САД кај неговиот татко Јанко Тренкоски.

Таму ќе продолжи со последната година од средното образование и ќе се запише на колеџ.

Весна објави емотивно видео со фотографии од летувањето со синот и ќерката Мина и во напиша доста емотивна порака од која нема да останете рамнодушни.

„ Некој брои гласови, некој денови…родителот треба да е лакот, а стрелата вашето дете.Се е возбудливо и точно кога ќе прочиташ кај Џибран, ама е зафркнато кога треба да го оптегнеш лакот и да летне стрелата. Солзи капат сами… Гаќи и патики му купив дека немало таму. Под стрес може и семки ќе му спакувам…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот