Му кажал ли тогашниот директор на УБК на Спасовски за рекетот на Камчев (ВИДЕО)

фото: Слободен печат

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска бизнисменот Орце Камчев, сведочеше за случајот „Рекет“, каде меѓу другото спомена дека се доверил за неговиот пријател, тогашниот директор на УБК, Горан Николовски, а потоа и на премиерот Заев.

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски во интервју за „360 Степени“ одговараше на прашање дали тогашниот директор на УБК, Горан Николовски му го пренел тоа што му се доверил Камчев.

-Тоа е еден од поинтересните случаи коишто се случуваат, така да сите службени информации коишто се доставени и до УБК односно до МВР, се доставени и до мене и до соодветните институции таму кај што треба. Како и за сите други случаи, и за овој случај МВР исклучиво беше посветено на остварување на сите барања за водењето на истражната постапка од страна на Основното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Со сите службени информации кои биле доставени сум запознаен и секоја службена информација била проследена до соодветните органи- рече Спасовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот