Му кашлале в лице и побегнале: Mинистерот за здравство на Ирска „жртва“ на МОРБИДНА ИГРА која се шири на социјалните мрежи

Мислеа дека е смешно да ми пријдат и да кашлаат гласно, а потоа да побегнат … се чини дека станува збор за игра на социјалните медиуми, но не е игра, тоа е одвратно- рече Харис.

Ирскиот министер за здравство, Сајмон Херис, изјави дека две лица намерно се искашлalе во неговото лице, како дел од „играта“ која се шири на социјалните мрежи, пишува „Гардијан“.

Херис на прес-конференција за состојбата со коронавирусот во таа земја откри дека му пристапила една двојката вчера додека одел од зградата на Владата до неговата канцеларија во Министерството за здравство во центарот на Даблин.

-Мислеа дека е смешно да ми пријдат и да кашлаат гласно, а потоа да побегнат … се чини дека станува збор за игра на социјалните медиуми, но не е игра, тоа е одвратно- рече Харис.

Според него, оние што го прават ова намерно ги напаѓаат постарите лица. Тој ги повика да размислат за масовните смртни случаи што во моментот се случуваат во Италија, Шпанија и другите делови на светот.

-Само помислете дека тоа е вашата баба, дедо, мајка, татко, вашата пријателка со дијагностицирана цистична фиброза. Ваквите однесувања треба да бидат строго казнети со според закон- додаде тој.

Ирската полиција добила неколку пријави за млади кои кашлаат во постари лица, но ваквите случаи се ретки. Ова може да биде кривично дело според Законот за јавен ред, оценува британски „Гардијан“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот