Му го згрешија презимето, им се освети со два гола (ВИДЕО)

Златан Ибрахимовиќ повторно беше најзаслужен за победата на неговиот Лос Анџелес галакси во американската МЛС лига. ЛА галакси со 2:0 го совлада Торонто, а головите беа дело на 38-годишниот Швеѓанец.

 


Ибрахимовиќ беше во центарот на вниманието не само поради головите, туку и поради погрешно напишаното презиме на дресот. Наместо Ибрахимовиќ, на дресот пишуваше „Ирбахимовиќ“ но и тој кикс на спонзорот на екипата „Адидас“, не му ги одзема голгетерските способности на Швеѓанецот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот