МТСП со појаснување за мерката за ослободување од работа на родител на дете до 10 години

Министерство за труд и социјална политика

На почеток на корона кризата или поточно 10 март Владата на предлог на Комисијата за заразни болести при МЗ донесе заклучок со кој, вработените лица кои имаат малолетно дете со навршена возраст до 10 години или активно четврто одделение, за кого е неопходна домашна грижа, еден родител да биде ослободен од работа и работни активности и неговото отсуство за време на овој период да биде евидентирано од страна на работодавачот како оправдано отсуство, се вели во соопштението на МТСП.

На 8.7.2020 на 74 седница Владата донесе одлука за изменување и дополнување на одлуката за мерките за спречување на ширење на Ковид -19, односно родителите на деца до 10 години возраст, вклучени во воспитнообразовниот процес, кои беа ослободени од работа, да се вратат на работните места со оглед дека учебната година е веќе завршена .

Што значи дека мерката за ослободување на родители од работа се уште важи за еден од родителите на деца кои биле згрижени во градинка. Ова е во важност до донесувањето на следната владина одлука по препорака на Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство, се додава во соопштението на МТСП.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот