МТСП: Протоколот е изготвен и прифатен од градинките, групите се прилагодуваат согласно насоките

Фото: ЕПА

Министерството за труд и социјална политика информира дека на денешниот состанок со Комисијата за заразни болести и претставници на Министерството за здравство беше одлучено да се направи ажурирање на податоците за бројот на деца за кои родителите се изјасниле дека ќе посетуваат градинка.

Согласно донесениот Протокол, приоритет за згрижување има дете на самохран  родител којшто е во работен однос и дете на двајца родители кои се во работен однос а работните задачи мора да ги извршуваат на работното место. Информацијата ќе биде изработена врз основа на податоците од сите градинки, јавни и приватни, соодветно на доставените потврди од родителите.

Министерство за труд и социјална политика во соработка со Комисијата за заразни болести има изработено Протокол- оперативен план за активности во установите за згрижување и воспитание на деца по укинување на вонредната состојба, усвоен од Владата на Република Северна Македонија на 29.05.2020 година и истиот беше испратен до Јавните и приватните установи за деца – детските градинки за нивно постапување. Протоколот е објавен во „Службен весник“.

Претставниците на Министерството за труд и социјална политика појаснија дека Протоколот е прифатен од страна на сите градинки и истите ги прилагодуваат групите согласно насоките. Министерството за труд и социјална политика нема добиено насоки за измена на Протоколот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот