МТСП: Продолженото породилно отсуство трае се до завршување на времените мерки за коронавирусот

Министерството за труд и социјална политика соопшти дека на работничките кои се на продолжено породилно отсуство, платеното отсуство им трае се додека траат времените мерки за заштита од ширење и превенција од коронавирусот.

За да се обезбеди заштита и грижа за децата, посочуваат од Министерството, Владата донесе Уредба со законска сила за примена на Законот за работни односи за време на вонредна состојба („Службен весник на РСМ” БР.90/20), со која отсуството од работа на работничка поради бременост, раѓање и родителство и посвојување, продолжува да тече и надоместот на плата продолжува да се исплаќа до истекот на траењето на времените мерки за заштита од ширење и превенција од коронавирус.

Одлуката за времетраење и завршување на времените мерки ја носи Владата на Република Северна Македонија, по препорака на Комисијата за заразни болести. Надоместот за породилното отсуство се регулира преку Фондот за здравствено осигурување, информираат од Министерството за труд и социјална политика.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот