МТСП: Почнува исплатата на правата од социјална и детска заштита

Министерството за труд и социјална политика информира дека од денеска започнува исплатата на правата од социјална и детска заштита за месец септември 2020 година.

Со цел да се избегне метеж пред банките и да се овозможи поголема заштита на корисниците на парична помош во услови на опасност од вирусот КОВИД-19, исплатата ќе се спроведе во три групи, во филијалите и експозитури на банките, согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето и тоа на 5 октомври во понеделник – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, на 6  октомври во вторник  – И, Ј, К, Л, Љ, М, Н, Њ и О и на 7 октомври во среда – П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.

Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство, од 2 октомври  2020 година.

Ќе се исплаќаат средствата за правата за гарантиран детски додаток, оосебен додаток за месец 10/2020, ЕПП за новороденче, родителски додаток за трето дете, родителски додаток за четврто дете, образовен додаток – студирање, гарантирана минимална помош, постојана парична помош – ретроактивна исплата, туѓа нега, еднократна парична помош, мобилност и слепило, цивилна инвалиднина, за социјано домување, за социјална сигурност- социјална пензија, за азиланти домување, парична помош за згрижувач како и паричен надоместок за згрижувачко семејство.

Министерството за труд и социјална политика потсетува на обврската за носење маска и одржување физичко растојание од два метра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот