МТСП: Од денес се исплаќаат средствата од правата од социјална и детска заштита

Исплатата на паричните права од социјална и детска заштита за месец јуни ќе почне од денес, 3 јули, за корисниците со дебитна картичка а од понеделник, 6 јули, за корисниците кои средствата ги подигнуваат во експозитурите и филијалите на банките.

Министерството за труд и социјална политика ги известува корисниците на права на парична помош од социјална и детска заштита дека и овој месец ќе изврши етапна исплатата на гарантирана минимална помош, надоместок заради попреченост, надоместок за помош и нега од друго лице, надоместок на плата за скратено работно време, додаток за домување и на траен надоместок.
Исплатата ќе се спроведе во 3 групи во сите отворени филијали и експозитури на банките, согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето:

  • 6 јули (понеделник) – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ;
  • 7 јули (вторник) – И, Ј, К, Л, Љ, М, Н, Њ, О;
  • 8 јули (среда) –П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.

Корисниците кои имаат дебитна картичка  поврзана со трансакциската сметка на која се исплаќаат правата од социјална и детска заштита, ќе можат паричните средства да ги подигнат на банкоматите на банките, да ги користат за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство, од денеска, петок, 3 јули.

Етапната исплата на паричните права од социјална и детска заштита се прави со цел да се избегне метежот пред банките и да се овозможи поголема заштита на корисниците на овие права во услови на опасност од вирусот КОВИД-19.

Министерството за труд и социјална политика потсетува на обврската за носење лична заштита заради спречување на ширење на коронавирусот. Сите кои ќе подигнуваат пари од банкомати или од филијалите и експозитурите на банките, се должни да носат заштитна маска што ги покрива носот и устата и да одржуваат физичко растојание од два метра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот