МТСП: На работниците да не им се кратат трошоците, регулирани со колективен договор, или договор за вработување

Министерството за труд и социјална политика ги повикува работниците и работодавачите да водат социјален дијалог за сите прашања поврзани со остварувањето на работничките права. Апелираме до работодавачите, доколу правата на трошоци за превоз и храна се регулирани со колективни договори, или со договори за вработување, да не им ги кратат на работниците овие права, бидејќи тоа е спротивно на Законот.

Законот за работните односи предвидува, односно дава можност работодавачот на свој трошок на работниците да може да им организира превоз до работа и од работа како и исхрана за време на работа.

Трошокот за исхрана може да изнесува најмногу до 20% од просечната нето плата по работник исплатена во претходната година, а трошокот за превоз  во висина на остварните трошоци во јавниот превоз. Трошоците за храна и превоз се предмет на договор во колективните договори и за истото треба да се договарaат работниците и работодавачите, или да се уредат со договорите за вработување.

Истовремено МТСП ги повикува работодавачите да го исплаќаат законски утврдениот износ на минимална плата којашто сега изнесува 14.500 денари.

Министерството за труд и социјална политика ги охрабрува работниците и работодавачите да преговараат за работничките права и да потпишуваат колективни договори, бидејќи само задоволни работници носат до продуктивно производство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот