МТСП: Мерката „Вработување и раст на правни субјекти” поддржана со 28,5 милиони денари

Една компанија може да аплицира за поддршка до пет вработувања. Обврска на компанијата е младите лица да ги задржи на работа најмалку една година.

На 186 компании кои склучиле договор со МТСП за мерката „Вработување и раст на правни субјекти” денеска на сметките ќе им легнат 28,5 милиони денари.

Од МТСП велат дека оваа мерка вродила со плод бидејќи според нивните статистики со неа биле вработени 268 лица.

Компаниите грантот ќе може да го искористат за набавка на нова опрема или репроматеријали се вели во соопштението на министерството.

Структурата на работните места отворени со мерката покажува дека повеќе од половина или 147 лица имаат до 29 години и за нив компаниите добиваат неповратни 153.750 денари по лице.

Една компанија може да аплицира за поддршка до пет вработувања. Обврска на компанијата е младите лица да ги задржи на работа најмалку една година.

И за втората активна мерка за вработување „Субвенционирање на плати”, велат од Министерството, компаниите покажале исклучителен интерес.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот