МТСП: Левица ја злоупотребува судбината на стечајците од „Треска” и ја лаже и манипулира јавноста

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Политичката партија Левица, ја злоупотребува судбината на поранешните вработени во АД „Треска” и во обид да добие ситни политички поени манипулира со јавноста и шири лажни информации.Денешното соопштение на партијата Левица претставува целосно искривување на вистината во однос на исходот од вчерашната средба на министерката Јагода Шахпаска со претставници од поранешните вработени во АД „Треска”, реагираат од Министерството за труд и социјална политика.

-Иако не беше најавен протестот на поранешните вработени од АД „Треска” пред просториите на Министерството за труд и социјална политика, ниту пак некој од нив побара состанок, министерката Шахпаска се сретна со нивните претставници. Министерката Шахпаска ги ислуша и најави дека нивното барање во делот на исплата на заостанатите плати и придонеси ќе го презентира во Владата на Република Северна Македонија. Таа побара од претставниците на поранешните вработени во АД „Треска” да и достават список на лица кои не се опфатени со Законот за стечајци, за да се најде модел за сите што не се на ниту еден начин дел од системот на социјална заштита, да добијат соодветна финансиска поддршка- велат во реакцијата од МТСП.

За жал, претставникот од Левица, потенцираат од министерството, претставувајќи се како правен застапник на поранешните вработени во АД „Треска” присуствуваше на состанокот и наместо да работи во нивен интерес,  неговото присуство на состанокот преку манипулации и ширење лажни информации  да го злоупотреби во политички цели.

Левица: Шахпаска се прогласи за ненадлежна за проблемот на стечајците

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот