МТСП: И во услови на Ковид 19, децата на разведени родители имаат право на мајка и татко

Фото: Unsplash

Откако „Слободен печат“ пишуваше за самоиницијатовното одземање на родителското право, на одредни старатели, во услови на вонредна состојба, со став се произнесе Министерството за труд и социјална политика.

Од таму потенцираат дека не постојат примарен и секундарен родител, и потсетуваат дека Центарот за социјална работа е единствено надлежен орган за регулирање на односите меѓу родителите и децата.

Во однос на прашањето за остварување на видувањата во услови на самоизолација, Центарот за социјална работа ќе изврши преоценка на условите во кои се реализираат видувањата и ќе одлучи за заштита на децата согласно дадените препораките во однос на состојбата со Корона вирусот.
Центрите за социјална работа и во овие услови се подготвени да им помогнат на родителите, со соработка да се постапи во најдобар интерес на децата, велат од Министерството.

Од таму потенцираат дека интересите на децата секогаш треба да бидат на прво место.

„Согласно Законот за семејството, родителското  право  го  вршат  родителите заедно,  во  согласност  со  потребите  и интересите на децата и интересите на општествената заедница. Во законот не постои поделба на родителите на секундарен и примарен родител, бидејќи двајцата родители се должни совесно и одговорно да ги извршуваат родителските права и обврски и да се грижат за заштита на здравјето на децата. Центарот за социјална работа(ЦСР) согласно законот е единствено надлежен орган за регулирање на односите меѓу родителите и децата“, стои во одговорот на МТСП.

Надлежното министерство нагласува дека ЦСР може да го измени донесеното решение, во зависност од околностите.

– Во случај  кога родителите не можат да се спогодат за начинот на регулирање на односите на детето со родителот со кого не живее, ЦСР донесува решение  кое може да го менува во зависнот од околностите во секој конкретен случај.

А, на родителите им порачува безбедно да комуницираат едни со други.

– Во согласност со нивните одговорности да постапуваат според најдобрите интереси на децата, им препорачуваме на родителите безбедно да комуницираат едни со други, и да најдат практични решенија за почитување на договорите во новонастанатите околности.​

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот