МТСП и СОНК ги приближуваат ставовите, утре е крајниот рок за решение

Лидерот на СОНК, Јаким Неделков и министерката за труд и социјала, Јованка Тренчевска, Фото: Слободен печат

По средбата помеѓу СОНК и МТСП министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска изјави дека се приближуваат до конечно решение од кое ќе бидат задоволни двете страни.

– Имавме одлична конструктивна дискусија. Разговаравме за повеќе понудени решенија и дојдовме до приближување на ставовите во однос на спорот помеѓу СОНК и МТСП. Се надевам дека до крајот на неделава ќе имаме конечно решение во однос на исплаќање на дневниците на наставниците за време на штрајкот. Тоа ќе биде во рамки на законот и во интерес на сите страни, рече министерката Тренчевска.

Јаким Неделков од СОНК рече дека утре истекува рокот за изнаоѓање заедничко решение со МОН и дека можно е да продолжи штрајкот доколку не се договорат за повисока плата на наставниците.

– Доколку не најдеме прифатливо решение ќе продолжиме со штрајот, но имаме надеж дека тоа нема да се случи. Имаме надеж дека ќе се исплатат платите на сите вработени во детските градинки кои учествуваа во штрајкот. Преговорите со МОН исто така привршуваат, со работните групи на двете министерства. Колективните договори ќе бидат потпишани во соодветна рамка, рече Неделков.

Во 16.30 часот е закажана средба во МОН помеѓу министерот Јетон Шаќири и Јаким Неделков, а предводена од овластен помирувач.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот