МТСП: Градиме 43 нови објекти на градинки, вложуваме во раниот детски развој

Фото: Архива на Слободен печат

Министерството за труд и социјална политика (МТСП) посветено работи на проширување на капацитетите на детските градинки во земјава и на подобрување на квалитетот на предучилишното образование. Во моментот се градат и опремуваат нови осум, а се подготвува изградбата на уште 35 објекти. Тоа се вкупно 43 нови објекти за градинки распоредени низ целата територија на државата, соопшти МТСП.

Нивна заложба, како што наведуваат во соопштението, е опфатот на деца во предучилишно образование да го зголемат за 50 отсто. Во изминатите две години отвориле 24 нови објекти, со што биле обезбедени дополнителни 1.272 места. Годинава за таа намена, соопштија, издвоиле 300 отсто поголем буџет од лани, а нови градинки ќе се градат и преку програмата на Светска Банка, која изнесува околу 15 милиони евра.

– Паралелно со инвестициите во инфраструктурата, континуирано работиме на зајакнување на кадарот во градинките и надградување на компетенциите на воспитувачите/чките. Досега обезбедени се 1.400 согласности за вработувања во градинките. Почнувајќи од јунската плата што на поголемиот дел од вработените веќе им е исплатена, стручниот кадар во градинките доби зголемување во просек од 16 отсто што е околу 3.000 денари во нето износ по вработен – велат од МТСП.

Оттаму посочија дека со проширувањето на капацитетите на градинките и јакнењето на професионалните компетенции на кадарот го подобруваат квалитетот на предучилишното образование.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот