МТСП апелира лицата што останаа без работа да аплицираат за минимална помош

Министерството за труд и социјална политика нема конкретни податоци за тоа колку лица останале без работа како последица од кризата со коронавирусот, но ги повика сите граѓани што останаа без приходи да аплицираат за минимална помош.

Висината на помошта ќе се утврдува врз основа на вкупната просечна висина на сите приходи на членовите на домаќинството, сметано од последниот месец, а мерката ќе трае два месеца за април и мај.

-На ваков начин покажуваме дека системот на социјална заштита лесно се приспособува на потребите на граѓаните и стигнува до оние на кои помошта им е најпотребна, а најранливите групи на граѓани не се занемарени, изјави заменик министерот за труд и социјална политика, Ѓонул Бајрактар.

Заменик-министерот информира дека предвидена е уште една мерка за поддршка на постоечките корисници во системот на социјална заштита и најави дека тие ќе добијат дополнителен енергетски додаток од 1 000 денари за април и мај.

-Целта која нема алтернатива е домаќинствата во ризик да ги пребродат тешкотиите за да имаат можност кога работните процеси ќе се нормализираат и тие да бидат во состојба да се вклучат во активните програми на пазарот на трудот, нагласи Бајрактар.

Дополнителната заменик-министерка Санела Шкријељ дополнително најави донации и хуманитарна помош за семејствата кои живеат во супстандардни услови.

Шкријељ се осврна и на образовниот додаток, кој вели ќе продолжи да се исплаќа без разлика што нема редовна настава.

-Целта е да се олесни пристапот на семејствата без приходи до детските права. Околу 18 000 деца ќе добијат по 700 денари за дете во основното образование и 1 000 за средно образование, порача Шкријељ.

На бездомните лица Шкријењ вели им се обезбедува сместување и храна, а со помош на Црвен крст отворени се уште 4 регионални пункта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот