МТСП: 438 невработени лица ќе бидат опфатени со меркaтa за субвенционирање на плати во износ од 100.000.000 денари

фото Архива

 438 невработени лица ќе бидат опфатени со  меркaтa за субвенционирање на плати преку Оперативниот план на активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот. Владата на Република Северна Македонија, на последната седница, преку пренамена на средства во Оперативниот план во износ од  100.000.000 денари  обезбеди  поголем опфат на невработени лица.

Со овој вид на поддршка бројот на невработени лица, што ќе бидат опфатени со мерката субвенционирање на плати, од 866 ќе се зголеми на 1.304. На тој начин, вкупниот опфат на невработени лица со Оперативниот план ќе се зголеми од 10.279 на 10.717 лица.

Со Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2021 година, се утврдуваат програмите, мерките и услугите за вработување кои ќе обезбедат создавање на нови работни места, поддршка за креирање на нови работни места и зголемување на вработливоста на невработените лица, посебно на младите, долгорочно невработените и корисниците на гарантирана минимална помош, како и поддршка на невработените лица на кои престанокот од работен однос е регистриран во периодот на кризата предизвикана поради Коронавирусот COVID 19.

За прв пат оваа година, во Оперативниот план се предвидени три принципи, според кои приоритет се дава на лицата кои ја изгубиле работата поради пандемијата со Ковид-19, потоа принципот на диверзитет и инклузивност и принципот на рамномерен регионален развој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот