МТФ „Скупи фестивал“: Иновативен театар со социјален и политички предизвик

Седум театарски претстави содржи програмата на 14. МТФ „Скупи фестивал“, што годинава се одржува од 17 до 22 септември во Куршумли ан, во Старата скопска чаршија. Програмата се состои од претстави каде што новите тенденции во театарот не се единствената уметничка цел, туку се развиваат заедно со критичкото размислување за социјални и политички предизвикувачки прашања.

Фестивалот беше отворен од министерката за култура на Република Северна Македонија, Ирена Стефоска, а говор одржа и директорот на фестивалот Музбајдин Ќамили-Мучи.

Скопската публика може да ги види претставите „Црна кутија“ од Паоло Џеновезе на „Театар Миѓени“ од Скадар, Албанија, „Граматичко нарушување“ од Фрања Петриновиќ на Српски народен театар од Нови Сад, Србија, „Целата моја љубов“ од Лаурен Мовиние на Сараевски воен театар, Босна и Херцеговина, „Будење на пролетта“ од Франк Ведекинд на Косовскиот национален театар од Приштина, Косово, „Кокошка“ од А.П. Чехов и Николај Кољада на „СПАМ Студио“ од Софија, Бугарија, „Златна лопата“ од Фердинанд Хуси на „Театар Мергимтари“ од Загреб, Хрватска, и „Дел од колекцијата“ од Димитар Воев на „Театар Вагабонди“ од Софија, Бугарија.

Фестивалот има напреварувачки карактер, а одлуката за наградите ќе ја донесе жирито во состав: Амернис Нокшиќи Јовановска, Наташа Поплавска и Евис Халили.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 49, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 19-20 септември 2020)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот