МСУ: Нов број на „Големото стакло“

Новиот број на списанието за современа уметност, култура и теорија „Големото стакло“, кое го издава Музејот на современата уметност – Скопје, е фокусиран на постхуманизмот, вклучувајќи есеи, уметнички проекти и извештаи, кои критички дискутираат и презентираат различни гледишта во врска со темата.

Изданието е конципирано во три секции поврзани помеѓу себе и именувани како „Постхуманистичка телесност“, каде што прилозите се однесуваат на различното поимање на „телото“ во однос на хуманистичката традиција; потоа „Пејзаж на вознемиреност“, каде што прилозите посочуваат на релациите на културата со животната средина, екологијата и климатските промени; и последниот тематски дел е „Погледи кон радикалниот хоризонт“, каде што се дискутира како постхуманистичките перспективи се вклучени во самиот чин на политиката и културата.

Главен и одговорен уредник на списанието е Тихомир Топузовски.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 18, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 15-16 февруари 2020 година)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот