Мртвите тела може да се мрдаат и по година-дена по смртта – Слободен печат
Магазин

Мртвите тела може да се мрдаат и по година-дена по смртта

Овие резултати можат значајно да помогнат во форензичките истраги, кога е јасно дека телото не било поместувано од страна на животни или луѓе

Според нова австралиска експериментална студија, мртвите тела во текот на првата година по смртта не „почиваат во мир“.

Можеби ова звучи како морничава сцена од хорор филм, но ваквите сознанија можат значајно да ги подобрат форензичките истраги, особено кога се работи за тела кои подолго време се мртви.

Според Центарот за проучување на посмртни останки во Австралија, истражувани се мртви тела во тек на 17 месеци и е откриено дека пред сè, рацете кои се поставени над стомакот, уште во првите месеци „паѓаат“ настрана.

Секако, не се работи за никакви натприродни сили, туку сосема природен процес типичен за распаѓањето. Поради хемиските реакции кои се случуваат во текот на овој процес, доаѓа до движење на делови од мртвото тело.

Овие резултати можат значајно да помогнат во форензичките истраги, кога е јасно дека телото не било поместувано од страна на животни или луѓе. Со ова, кога телото е пронајдено во одредена фаза на распаѓање, не значи и дека таму било во моментот кога настанала смртта.

Се очекува Центарот за истражување оваа студија да ја објави и во некое од официјалните научни списанија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close