Мртви сопружници пронајдени во својот дом во Кратово

Фото: МИА

Извршен бил увид на местото на настанот од Јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Кратово, а по наредба на Јавен обвинител телата на починатите биле дадени на обдукција.

Итната медицинска помош вчера пријавила во Одделението за внатрешни работи Кратово дека на улицата „Глигор Пазавански“, во својот дом, во помошна просторија во дворот од куќата, биле пронајдени починати 67-годишниот М.И. и неговата 66-годишна сопруга Д.И.

Лекар констатирал смрт без траги на насилство, а како што е наведено во полицискиот билтен, извршен бил увид на местото на настанот и по наредба на Јавен обвинител телата на починатите биле дадени на обдукција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот