Мртва пијана возела три деца, а потоа им нудела секс на полицајците за да не ја уапсат

Жена од Пен Тауншип во американската сојузна држава Пенсилванија се обидела да подмити полицајци со сексуални услуги, откако е уапсена за возење под дејство на алкохол, додека во автомобилот ги возела своите три деца, пренесе „Јутарњи.хр“.

Ребека Су Дуди (29) е обвинета за нудење на мито, непристојно однесување и возење под дејство на алкохол, а има и три обвиненија за загрозување на други особи поради фактот што во алкохолизирана состојба ги превезувала своите три деца.

Таа е пуштена од притвор со гаранција од 2.500 долари, а првото сослушување е закажано за 19 септември.

Целата ситуација се случила во саботата, кога полицијата интервенирала во нејзиниот дом поради пријава за семејно насилство. Кога пристигнале на местото на настанот, надлежните разговарале со нејзиниот дечко Џејкоб Анголиа, кој им соопштил дека под дејство на алкохол возела три деца.

Полицијата тогаш разговарала и со неа, а таа притоа силно мирисала на алкохол, била нестабила, тешко зборувала и не се контролирала. Потоа, таа била уапсена поради возење во пијана состојба.

– Додека бевме на пат кон болницата, Дуди се обиде да ми понуди сексуални услуги за да ја избегне казната – рекол полицаецот кој ја уапсил. Таквото нејзино однесување наводно продолжило и во болницата, пред лекарите и полицајците.

При повторното приведување, таа ја повлекла сопствената маица и градник и ги покажала градите на полицајците и продолжила да им нуди секс во замена за нејзината слобода.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот