МРТОВ БАЛКАНЕЦ НАЈДЕН ВО ШУМА ВО ГЕРМАНИЈА: За неговото убиство уапсен брачен пар (ВИДЕО)

Фото: Профимедиа

Хрватот Кристијан Б. (27) бил најден мртов во шума во германската сојузна покраина Баварија.
Според тамошните медиуми, Хрватот бил пронајден од собирач на печурки минатата недела околу 7.30 часот наутро.

Полицијата привела брачен пар од Лауфа ан дер Пегниц, кои се осомничени за убиство на Хрватот.

31-годишен маж бил задржан во притвор, додека неговата сопруга се брани од слобода. Убиениот и осомничените за убиството се познавале, а причината за убиството и натаму се истражува, пишува Нордбаерн.де.

Собирачот на печурки кој го нашол мртвото тело веднаш повикал полиција, па тоа било однесено на обдукција.

На телото биле забележливи убоди од нож, а полицијата се сомнева дека мажот бил убиен, па потоа неговото тело било однесено и оставено во шумата, пренесува истиот извор.

Германскиот таблоид Билд пишува дека Кристијан во саботата околу 23.30 часот се збогувал од својата мајка и потоа никогаш ен се вратил дома.

Билд шпекулира и дека момчето било убиено затоа што тој бил „вљубен во погрешна жена“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот