Мрши од умрени животни и долна облека расфрлени низ Скопје (ВИДЕО)

Фото/ Слободен печат: Драган Митрески

Скопје е меѓу првите три најзагадени градови во светот. Чистиот воздух кој во предизборната кампања на локалните избори 2017 го ветуваше тогашниот кандидат за градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, сè уште го чекаме. Борбата против загадувањето од некаде мора да почне, а ние, решивме тоа да биде од лоцирање на дивите депонии. Овие места, кои покрај тоа што нè трујат, се и извор на зарази, ќе се обидеме преку проектот „Еко инспектор“ да ги претвориме во зелени површини за одмор и рекреација.

Проектот го започнавме од озлогласената депонија во Ново Село, во близина на реката Лепенец, која често пати се пали, и ги труе граѓаните од Ново Село до Карпош. На депонијата отидовме со чичко Пеце, кој ни раскажа за лошата навика на мештаните, но и на граѓаните од околните населби, кои во вечерните часови доаѓаат во Ново Село и го уништуваат местото кое некогаш важело за рекреативен центар.

Пеце со носталгија ни раскажуваше за времето кога бил претседател на спорткиот клуб Ново Село, кога натпреварите се играле на игралиштето на кое сега има натрупано ѓубре. Нашата посета му ја врати надежта дека еден ден, наскоро, на оваа локација, опколена со преубава природа, дрвореди и река, повторно ќе се изгради спортски центар и парк за рекреација, како што тоа било случај во минатото.

Ужасната миризба од мрши од животни, расипана храна и нафта, се насетуваше уште од далеку забележуваа и остатоци од градежен материјал, покуќнина и стар мебел.

Фрлање на стар мебел забележа и екипата на „Еко инспектор“. Во обид да реагираме и да предупредиме дека фрлањето мебел е несоодветно, се соочивме со вербален напад од сторителите.

На депонијата ѓубре се носи и со камиони, и тоа среде „бел ден“.

Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

 

Недозволените дејствија кои таму се случуваат не се тајна. Со ситуацијата запознаени се и локалните власти, од каде што не информираа дека на локацијата е поставен чувар, рампа и табла, на која стои забрането фрлање отпад.

Снимил: Драган Митрески

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот