Мразот на Алјаска се топи со неверојатна брзина, жителите и научниците вознемирени

Архива

Арктичкиот мраз по должина на Северна Алјаска оваа година се топи многу побрзо, а тоа ги вознемири жителите кои се плашат дека оваа појава негативно ќе влијае на рибите, морските птици и другите заедници во тоа подрачје.

Необично брзото топење на мразот е резултат на температурата на океанот, а предизвикало загриженост поради недостаток на храна за тамошните заедници.

Џенет Мичел, жителка на селото Кивалин на северозападот на Алјаска за Дејли њуз раскажала дека луѓето од нејзиното племе на почетокот на јуни патувале со брод повеќе од 80 км за да ги најдат брадестите фоки на мразот. Порано тие можеле да се ловат во близина на селото, но топењето на мразот ги однело подалеку на север.

Климатологот Рик Томан вели дека температурата на површината на морето минатата недела била девет степени Целзиусови над просекот, што влијае на климатскиот систем, храната, заедниците и трговијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот