Мразите медитација? Пробајте звучна бања…

звучни бањи
Фото: Profimedia

Поопуштено, помалку стрес. Да бидете поврзани со вашата креативност и да сте подготвени да преземете сè што денот има намера да ви донесе. Еден од начините да го достигнете тоа е медитација, но ако тоа не е баш за вас – можете да размислите за звучни бањи.

Звучните бањи се всушност античка медитативна практика која своите корени ги носи од Тибет, пред две илјади години. Не е невообичаено јога студиа, простори за медитација и велнес центри да се потпираат на практики кои нудат звучно искуство кое го поврзува умот со телото. Или обратно, го потопувате, и бањате, телото во умот.

„Звучната бања е местото каде што се потопувате во звучната фреквенција. Звукот насекаде околу вас создава „бања“ од висцерален звук каде што можете да ја почувствувате фреквенцијата на звукот во најдлабоките делови на вашето тело. Звучната бања создава медитативна состојба каде мозокот испушта лековити мозочни бранови“, објаснува Елизабет Тратнер, акупунктурист сертифицирана за акупунктура и ориентална медицина.

Капењето во звуци може да биде медитативно и релаксирачко искуство, а многу пати придобивките зависат од тоа како се движите самите низ сесијата.

За разлика од јогата, ова не бара физичка кондиција или флексибилност, и тоа е нешто во кое подеднакво може да уживаат и нови, но и искусни практичари.

 

Што всушност е звучна бања?

За да разберете што е звучна бања, важно е да се разгледа што всушност тоа е.

„Звучната бања не вклучува вода или када и не е потребна голотија.“

Наместо тоа, звучната бања го „опкружува“ вашето тело со различни звуци, што резултира со изменета ментална состојба за која многу поддржувачи чувствуваат дека може да се релаксира на начин што е сличен на медитацијата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Seadays Yoga (@seadays.yoga)

Во традиционалното искуство со звучно капење, се користат различни тибетски чинии за пеење – тип на инструмент кој емитува различни звуци врз основа на вибрациите. Може да има дури 40 различни тибетски чинии за пеење што се користат во звучната бања, а звукот не е нужно онаа „музика“ што сте навикнати да ја слушате. Наместо тоа, различните тонови и фреквенции можат да ве доведат до состојба слична на медитација.

Звучната бања не мора да биде групно искуство – таа може да се изведе и соло, со помош звучна листа.

 

Придобивките од звучна бања

Звучните бањи имаат повеќекратни придобивки. Една неодамнешна студија покажа дека звуците што се појавуваат во звучна бања може да ги намалат стресот и анксиозноста.

Се препорачува да си создадете „намера“ пред влегување во звучна бања. Ова може да биде за надополнување, или можеби за преминување на одреден ментален блок или проблем што ве мачи. Не постојат правила за да се доживее звучна бања. Некои луѓе може да ги затворат очите и да легнат, други може да седат со скрстени нозе, а некои може и да шетаат низ собата.

Звучните бањи може да траат помеѓу 60 и 90 минути, но може да има и пократки или подолги искуства.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Carine A-Hamid (@carine.yinhealings)

 

Видео на денот