Мрачните тајни на Џордан: Се ожени од корист, и плаќаше на љубовницата да молчи, рекорден развод!

twitter/nba.com

Мајкл Џордан благодарение на „Последниот танц“ се наоѓа во центарот на вниманието на американската јавност која знае буквално се за неговата играчка кариера, додека додека приватниот живот претставуваше голема мистерија, освен податокот дека обожуваше да се обложува и да игра голф.

Секогаш кога ќе се појавеше на кошаркарските терени ги оставаше фановите без здив, но во приватниот живот не беше така безгрешен како со баскетот.

Алибито за првото пензионирање во 1993 година, Џордан го најде во убиството во неговиот татко, како и заситувањето од кошарката по трите едноподруго освоени титули. Од друга страна се шпекулираше за компромис со НБА лигата која му се закануваше со суспензија поради коцкарските долгови. Освен коцката и голфот, сакаше уште една работа – жени.

Првата голема љубов на Џордан беше Хуанита Ваној со која се ожени 1989 година, иако се верија на 31 декември 1986 година. Непосредно пред венчавката, на Џордан му се „случи“ бременоста на Хуанита со нивниот прв син, Џефри. Мајкл не планираше толку рано да стане татко, но ја прифати „грешката“ и со Хуанита го кажаа судбоносното „Да“ во една од капелите во Лас Вегас и тоа во 3.30 часот после полноќ.

Три месеци подоцна, во животот на Мајкл Џордан се појавува Карла Најфел.
Нивната афера траеше две години се додека Карла не сфати дека Џордан нема намера да се разведе од Хуанита, а таа добро го наплати молчењето. За да го задржи совршениот имиџ, Џордан се согласи на Карла да и исплати 250.000 долари за да молчи.

Сепак, како и кошарката така и жените му беа најголема пасија, па „летечкиот“ продолжуваше да ја изневерува Хуанита се до 2002 година кога таа одлучи да стави крај на бракот.

Нивната бракоразводна парница само што започна, Хуанита оддеднаш се премисли и му се врати на Џордан, но во исто време се врати уште една дама во неговиот живот – Карла Најфел.

Карла сега имаше далеку поголем адут против Џордан, нејзиното главно „оружје“ беше синот, а целта и беа пет милиони долари за нов завет за молчење. Според нејзините зборови, Мајкл во 1998 година додека играл карти во хотелот „Мираж“ во Лас Вегас и ветил пет милиони долари.

Адвокатите на Џордан кој тогаш играше за Вашингтон покренаа тужба за изнуда и во октомври 2002 година го добија спорот со Карла која на суд призна дека сето тоа била лага и таа сакала да „заработи“ на Мајкл.

Две години подоцна, Лиса Ен Микели излезе во јавноста со информација дека Џордан е татко на нејзиниот син. По направени два ДНК теста се испостави дека и тоа била лага, но токму таа лага ја прели чашата кај Хуанита која по 17 години брак, повеќе не можеше да ги трпи излетите на Џордан.


Како што многу кошаркарски рекорди му се препишуваат на Џордан, во 2006 година тој стана и учесник во најскапиот развод на сите времиња. Хуанита по разводот стана побогата за неверојатни 168 милиони долари.

 

Пет години подоцна, во 2011 година Џордан повторно стапува во брак и тоа со актрактивната кубанка Ивет Прието. Но овој пат ја научи лекцијата и пред да стапи во брак потпиша предбрачен договор со кој се обезбеди повторно да не му се случи Хуанита. Џордан и Ивет се родители на ќерките Викторија и Изабел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот