Мрачната тајна на Канада: 120 години насилно киднапирале и „превоспитувале“ индијански деца

Фото: Al Jazeera English/Принтскрин

Во периодот од другата половина на 19. век до 70-тите годиини на 20. век, канадските власти насилно одземале 150.000 индијански деца од нивните родители и ги праќање во интернати. Таму, насилно ги преобраќале во христијанство и ги „цивилизирале“, објави „Курир.рс“.

Децата во тие училишта претрпувале неверојатни понижувања и злоупотреби, па голем дел од нив не го преживувале овој т.н. „образовен процес“. Кога умирале, никој не ги обавестувал нивните родители. Досега се идентификувани околу 2.800 жртви на овој суров третман, а се трага по уште најмалку 1.600 деца кои по смртта се погребани на необележани места.

Повеќе од еден век канадската јавност ништо не знаела, а 2.800 домородни деца кои починале во интернатите создадени од владата со кои раководела црквата биле анонимни, непознати жртви. Тие се обидувале насилно да ги асимилираат, а кога давале било каков вид на отпор, казните биле неверојатно сурови. Тие биле казнувани и доколку зборувале на својот мајчин јазик.

Децата биле неухранети и изложени на строги дисциплински постапки. Суровите казни властите ги оправдувале со зборовите дека тоа е единствен начин да се „цивилизираат тие дивјаци“. Особено тешко биле казнувани обидите за бегство, а при казнувањата многу од нив не успевале да ги издржат и нивните тела се закопувани на необележани места за да не се појават правни проблеми.

Катастрофалните хигиенски услови, пренаселеноста и лошата вентилација предизвикувале константни епидемии на туберкулоза од која умирале многу деца. Инфраструктурата на тие училишта е одржувана со присилна работа на учениците, бидејќи училиштата не добивале многу пари од владата.

Денес нивното страдање конечно е препознаено, а канадските власти на жртвите им одадоа чест каква што заслужуваат. Во Државниот центар за вистина и помирување (НЦТР) при универзитетот Манитоба во Винипег, отркиен е банер долг 50 метри на кој се напишани имињата на сите жртви од ова ужасно злосторство, имињата на децата кои „никогаш не се вратиле дома“.

Според податоците од документите архивирани во владата и црквата, откриено е дека постоеле најмалку 80 институции од овој тип, во кои биле измачувани индијанските деца во период од 120 години. Иако досега се откриени 2.800 остатоци од деца, се верува дека вистинската бројка е некаде околу 4.200.

Првото такво училиште е отворено во 1880-тите, а последното е затворена во 1996 година. На децата во училиштето им било забрането практикување на нивната вера и било каква допирна точка со нивната култура. Тие често биле злоупотребувани, некои од нив и сексуално. НТЦР овој настан го опиша како „културолошки геноцид“.

Судбината на овие деца ја заинтересира канадската јавност по смртта на 12-годишното момче Чани Венџек кој во 1966 година починал од студ и глад откако избегал од училиштето и се обидел да мине 600 километри за да се врати кај своето семејство.

Најголемиот шок предизкало откритието дека најмладите жртви имале само три години, а најстарите биле тинејџери. На листите се пронајдени и деца кои како доенчиња одвоени од своите мајки и биле испратени во овие институции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот