МРАЧНАТА СТРАНА на апликацијата FaceApp

Друштвените мрежи низ целиот свет деновиве ги преплави апликацијата FaceApp, која покажува како ќе изгледаме кога ќе остариме. Милиони луѓе се забавуваат и ги споделуваат своите фотографии на социјалните мрежи.

Но секоја приказна има две страни, па на Интернет брзо се проширија информации дека апликацијата е само трик на руски хакери кои се обидуваат да дојдат до вашите лични податоци.

Најголем проблем е што ретко кој ги чита правилата за користење и дава согласност за сè, без да биде свесен за тоа.

„Сериозно сум загрижен за безбедноста на податоците кои FaceApp ги собира, но и бидејќи не сум сигурен дали корисниците се свесни кому му даваат пристап“, со овие зборови американскиот сенатор Чак Шумер побарал од ФБИ да истражи дали популарната апликација претставува закана за граѓаните.

Сите кои ќе ја инсталираат апликацијата и ќе ги прифатат условите на користење на FaceApp на апликацијата ѝ дале дозвола да ги користи нивните фотографии, име, презиме, корисничко име и сите останати податоци од нивните мобилни телефони.

Од ова не се поштедени ни оние корисници кои ја имаат исклучено опцијата за пристап на фотографиите што се наоѓаат на нивните мобилни.

Зад апликацијата настаната во 2017 година стои руската компанија Wireless Lab и Јарслав Гончаров, поранешен инженер на „Мајкрософт“ и „Јандекс“.

Иако компјутерските експерти веќе некое време предупредуваат дека оваа апликација може да направи поголема штета отколку корист, таа сè уште има високи оценки на App Store и Google Play Store и голем број задоволни корисници.

Сепак, поединци и понатаму се сомневаат во нејзиниот исклучиво забавен карактер и се уверени дека сите необработени фотографии автоматски ги складираат на сервер без ваше одобрување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот