Мрачна тајна на Чешка: Без да знаат стерилизирани стотици жени во породилните сали

жена чешка
ФОТО: Принтскрин/BBC

Законодавната власт на Чешка разгледува нов предлог за исплата на обесштетување на стотици или дури илјадници жени што биле стерилизирани без нивно одобрување.

Повеќето постапки се спроведени во 70-тите и 80-тите години од минатиот век, а повеќето жени се дел од националното ромско малцинство. Тие сега се надеваат дека се близу до победата во долготрајната борба за финансиско обесштетување, пишува „Би-би-си“.

„Кога дојдов тука пред 30 години, бев среќна бидејќи очекував бебе. Не можев да замислам дека вакво нешто ќе ми се случи, дека никогаш повеќе нема да можам да имам деца“, раскажува Елена Горолова (52).

Таа била стерилизирана во 90-тите години во поранешна Чехословачка. Илјадници жени биле стерилизирани без нивно знаење, се наведува во податоците на чешкиот заштитник на граѓаните.

„Дојдоа медицинските сестри, имаа некои документи, што ги потпишав. Имав втор царски рез, додека ми го правеле тоа, ме стерилизирале. Поради тоа имав силни болки, можев да потпишам што било“, додала Горолова.

Најмногу стерилизации се случиле во текот на 70-тите и 80-тите години на 20 век, но овие случаи биле пријавени дури во 2007 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот