Мпабе најави заминување од ПСЖ

EPA-EFE/IAN LANGSDON

Младиот француски напаѓач, Килијан Мпабе, кој минатата година и официјално стана член на ПСЖ, но изгледа дека нема долго да се задржи на „Паркот на принцевите“.
Мбапе со ПСЖ доминира во францускиот шампионат но затоа најголем успех во Лигата на шампионите е пласманот во четвртфиналето. Тој откако ја прими наградата за најдобар играч во француското првенство, со изјавата ги шокира богатите сопственици на ПСЖ.

– Мислам дека доаѓам до првата или втората пресвртница во кариерата. Можеби е време да преземам поголема одговорност, тоа можеби ќе биде во ПСЖ или можеби на друго место – изјави Мбапе.

Младиот 20-годишен француски репрезентативец, веќе четири години настапува во Лига 1, две години играше за Монако, а последните две е член на ПСЖ. Како негова идна дестинација се споменува Реал Мадрид кој е подготвен да плати 280 милиони евра обесштетување.

– Ова беше моја четврта година во Лига 1 и имав многу возбудливи искуства. Со Монако успеав да ја освојам титулата, а потоа се приклучив на проектот во Паиз. Имаше разочарувања но тоа е дел од фудбалот – вели Мбапе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот