Мозокот на кучињата станува сѐ поголем: Научниците не го очекувале тоа

Фото: Пекселс

Мозокот на кучињата е многу помал од мозокот на волкот, но новите истражувања сугерираат дека современото одгледување придонело за зголемување на неговата релативна големина. Имено, во споредба со древните кучиња, модерните раси, кои се развиле во последните 150 години, имаат поголеми черепи во однос на големината на телото. Научниците сè уште не знаат зошто.

Бројни досегашни студии покажаа дека припитомувањето на дивите животни како што се кучињата, рибите, свињите, говедата, овците, зајаците и мачките, драматично ја намалува нивната релативна големина на мозокот. Се претпоставува дека причината за ова е помалата употреба на мозочните бразди, за да се смислат начини за преживување.

Фото: Wallpaper Flare

Но, се чини дека тоа не важи за сите домашни миленици. Кога експертите ги споредиле черепите на 159 раси на кучиња, вклучително и некои волци, откриле нешто неочекувано. Додека големината на мозокот на волкот била 24 отсто поголема од таа на куче со слична големина, колку генетски била поразлична расата од волкот, толку поголем бил мозокот.

Резултатите сугерираат на тоа дека современото одгледување на кучињата во последните 150 години предизвикало скромен когнитивен развој кај нив. Но, како и зошто? „Расите на кучиња живеат на различни нивоа на социјална сложеност и извршуваат сложени задачи, за кои веројатно е потребен поголем мозочен капацитет“, вели еволутивниот биолог Никлас Колм од Универзитетот во Стокхолм во Шведска, како што објави Саенс алерт (Science Alert).

Фото: Pexels/Lisa Fotios

Колм и неговите колеги најпрво поставиле хипотеза дека некои кучиња, одгледувани од луѓе за посложени задачи како што се сточарство или лов, развиле релативно поголем мозок. Но, тоа не било случај. Наместо тоа, единствениот фактор што се чинеше дека влијаел на релативната големина на мозокот на модерните раси била нивната генетска различност со волците.

Претходните студии покажале дека апсолутната големина на мозокот на поединечните кучиња игра улога во нивната меморија и самоконтрола, но се чини дека тоа не е доволно силен фактор за да влијае на релативната големина на мозокот на нивната раса.

куче
Фото: Unsplash

„Можеби покомплексна социјална средина, урбанизација и адаптација на повеќе правила и очекувања ја предизвикаа оваа промена, која влијае на сите модерни раси“, шпекулира етнологот Енико Кубињи од Универзитетот Еотвос Лоранд во Унгарија. Ова е во согласност со хипотезата за социјалната интелигенција, односно идејата дека мозокот може да еволуира за да се прилагоди на посложени општествени средини.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот