Мозочниот удар е нов симптом на ковид-19 кај младите пациенти?

epa08357825 A nurse gives a vaccine against flu at a church in Buenos Aires, Argentina, 11 April 2020. Argentina has been in mandatory quarantine since 20 March and is now preparing for the extension of preventive and compulsory social isolation until 26 April, ordered by the Government. EPA-EFE/Juan Ignacio Roncoroni

Мозочниот удар може да биде прв симптом на ковид-19 кај младите пациенти, покажува новото канадско истражување.

Мозочните удари се појавуваат релативно често помеѓу пациентите со коронавирус и имаат тенденција на разорни последици, според оваа студија која проценува дека речиси секој петти пациент примен во болница со ковид-19 доживува мозочен удар.

Студијата објавена минатата недела во магазинот „Неврологија“, медицинско списание на Американската академија за неврологија, открила дека стапката на смртност кај пациентите со ковид-19 кои имаат и мозочен удар е „исклучително висока“.

Истражувачите откриле дека околу 1,8 отсто од пациентите со ковид-19 доживуваат мозочен удар или кога ќе ги примат во болница или непосредно пред тоа.

– Тоа е цифра која можеби се чини мала, но се претвора во голем број случаи, со оглед на тоа дека милиони луѓе ширум светот се хоспитализирани со таа болест. Тоа е всушност многу голем број. За споредба, само 0,2 отсто од пациентите со грип примени во болница доживуваат мозочен удар, додека 0,75 од пациентите кои се хоспитализирани со SARS-CoV-2 вирусот кој предизвикува САРС, имале мозочен удар – објаснува еден од авторите на студијата, неврологот Лучијано Спозато.

Истражувачите исто така откриле дека кај приближно половина од пациентите помлади од 50 години, мозочниот удар им бил прв симптом на ковид-19.

– Тоа значи дека биле целосно асипмтоматски случаи, пред да бидат примени – додава неврологот. Истражувачите откриле и дека од 35 до 45 отсто од пациентите со ковид-19 со мозочен удар починале за време на престојот во болницата.

Истражувачите анализирале 125 случаи, како и 35 дополнителни необјавени случаи. Меѓу пациентите во студијата, сите имале ризичен фактор, како дебелина, хипертензија или дијабетес, а 97 отсто имале тешка форма на ковид-19.

Ова ги навело истражувачите да заклучат дека повеќето пациенти со ковид-19 кои доживеале мозочен удар, најверојатно умираат поради тежината на заболувањето со новиот коронавирус, а не поради мозочниот удар.

– Веруваме дека постои интеракција помеѓу коронавирусот и мозочниот удар што допрва треба да се опише – рече д-р Адам Дмитрив, радиолог и клиничар за неврорадиологија и невроинтевенција.

Пред мозочниот удар телото ги праќа овие 8 сигнали!

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот