Мозочен удар што настанува како резултат на затната артерија може да се спречи!

Тимот од клиничката болница „Жан Митрев“, е единствен кој применува хируршки третман на вертебралните артерии со цел намалување на ризикот од мозочен удар.

Иако мозочнот удар е втора причина за смрт во државава, сепак широката популација е малку свесна дека всушност со третирање на оваа специфична патологија 30 до 40% од мозочните удари би можеле да се превенираат. Најчеста форма на мозочен удар е исхемичниот мозочен удар предизвикан од затнување на артериите, но добро е да се знае дека тој може да се превенира.

Во отсуство на национална програма за третман на пациенти со мозочен удар, тим доктори од клиниката „Жан Митрев“ воспостави пристап за превенција и третман на мозочни удари, базиран на хируршка реваскуларизација, која е насочена кон задната циркулација на мозокот каде што се наоѓаат вертебралните артерии. Вертебралните артерии се вообичаено помали артерии во однос на каротидните артерии. Тие се крвни садови кои излегуваат од артерија субклавија соодветно лево и десно и како такви се упатуваат кон мозокот каде учествуваат во изградбата на задната мозочна циркулација и познатиот Вилисов круг. Докажано е дека болестите на вертебралните крвни садови се одговорни дури за 30-40 % од вкупниот процент на мозочните удари.

Во Р. Македонија мозочните удари се втора причина за смртност. Оттука и интересот на докторите од клиниката „Жан Митрев“ во анализирањето на вертебралните артерии и пронаоѓањето на хируршки начин за нивен третман и намалување на ризикот од мозочен удар кај загрозената популација.

– Болестите на вертебралните артерии даваат симптоматологија која варира од вртоглавици, преку нестабилност, до атаксија, зуење во ушите, губење свест, диплопија, проблеми со видот. Поради тоа многу често пациентите кои боледуваат од болести на вертебралните артерии се изгубени по болничките лавиринти на различни медицински специјалности без детектирање на вистинскиот проблем и губење на скапоцено време – објаснува д-р Ристе Зимоски, еден од докторите кои го предводеше истражувањето.

д-р Ристе Зимоски

Д-р Зимоски објаснува дека мотивацијата за креирање на студијата, направена во клиниката „Жан Митрев“, е доближување на оваа патологија и нејзината важност за целата популација. Практично се работи за еден вид медицинска едукација со цел развивање на свесност за постоење и ризикот што го носат болестите на овие крвни садови, како и можноста за нивна превенција. Секако и промовирање на Р. Македонија и воедно на клиниката „Жан Митрев“ и поставување на мапата на најпрестижните медицински центри каде што се изведуваат овие комплексни операции.

Во Р. Македонија воопшто детекција и третман на болести на вертебралните артерии се врши само во клиничката болница „Жан Митрев“. Во оваа клиника цел тим на доктори е вклучен во дијагностиката, препознавањето и спречувањето на последиците од болестите на вертебралните артерии, а на чело со академик д-р Жан Митрев, кој има воспоставено многу елегантен, минимално инвазивен третман – хируршки третман.

– Направивме ретроспективна опсервирачка студија во која опфативме 20 пациенти третирани во периодот помеѓу јануари 2017 година и декември 2019 година. Кај овие пациенти применивме четири различни техники на оперативен третман зависно од случајот: тромбендартеректомија, ресекција со анастомоза, транспозиција и употреба на венски графт за интерпозиција – потенцира доктор Зимоски.

Сите овие 20 пациенти имале јасни невролошки симптоми во форма на вртоглавици, синкопи, нестабилност, атаксии, скотоми, диплоии.

– Кај сите пациенти по оперативниот третман настана исчезнување или ублажување на невролошката симптоматологија што ја имале предоперативно. Во постоперативното следење на пациентите не е забележан релапс на симптотмите – додава доктор Зимоски.

Во клиниката „Жан Митрев“ докажувањето на болестите на вертебралните артерии се врши со компијутерска томографија на артериите на глава и врат, каде што искусен тим на радиолози го врши анализирањето (читањето на резултатите), а тимот од хирурзи дава проценка за оперативниот третман.

– За жал во Р.Македонија остануваме единствен центар каде се врши хируршки третман на болестите на веребралните артерии. Со резултатите на нашите хируршки методи сме поставени рамо до рамо со сите светски медицински центри во кои се вршат вакви корективни процедури. Тоа нѐ прави посебно горди и ни дава поттик да продолжиме по патот по кој сме тргнале и уште еднаш да бидиме пионери кога станува збор за воведување на хируршки техники во Македонија, кои значат подобрување на здравјето на пациентите и превенирање од сериозни последници – вели д-р Зимоски.

Информирајте се или закажете на тел. 02 309 1484. 

(комерцијален текст)

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот