Можности за зголемување на билатералната трговија и инвестициите од Катар

 Министерот за економија Крешник Бектеши денеска оствари средба со новиот катарски амбасадор во нашата земја, Јасим бин Хамид Ал-Тани, на која беше посочено дека постојат големи можности за зголемување на билетарната трговија и инвестициите.

На средбата исто така министерот и амбасадорот разговараа и за можностите за продлабочување на соработката меѓу двете земји.

Како што посочија од Министерството за економија, Бектеши го информирал амбасадорот за потенцијалите кои што ги има нашата држава, пред се во делот на привлекување на странски инвеститори, а од амбасадорот беше пренесен интерес за разгледување на можностите за инвестиции во земјава.  

Податоците за трговската размена помеѓу Северна Македонија и Државата Катар покажуваат дека има голем простор за зголемување на билатералната трговија. Според статистичките податоци билатералната размена помеѓу двете земји покажува значителен раст во вкупната трговија за 371,1 процент, во 2018 и за 55,8 проценти во 2019 година и благо намалување од 8,9 проценти, во 2020 година, како резултат на пандемијата, што дава голем простор истата да се подобри во иднина, соопшти Министерството. 

На средбата беше констатирано дека во наредниот период заеднички засилено ќе работат за подобрување на соработката меѓу двете земји и создавање на бизнис партнерства кои ќе значат позитивен тренд на економската соработка помеѓу Северна Македонија и Државата Катар

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот