Можност македонските новинари да се вакцинираат со АстраЗенека во Врање

Фото: EPA-EFE/RUNGROJ YONGRIT

Македонската асоцијација на новинари (МАН) ги повикува сите медиумски работници кои сакаат да се вакцинираат за заштита од вирусот ковид-19, да се пријават на официјалниот емаил: [email protected], најдоцна до 19.00 часот, недела 21 март 2021 година со: име и презиме, ЕМБГ, емаил адреса и редакција, за вакцинација која ќе се изврши на 23 март 2021 година.

На барање на МАН во соработка со партнерското Здружение на новинари на Република Србија преку кабинетот на Претседателот на Србија, обезбедени ни се вакцини АстраЗенека за вкупно 100 медиумски работници кои ќе се пријават за вакцинација.

Терминот за вакцинација е во 12.00 часот во вторник, 23 март 2021 година.

Пожелно е лицата кои ќе се вакцинираат да бидат во 11.30 часот на 23 март 2021 година, вторник, во Заводот за јавно здравје Врање, на улица: Јован Јанковиќ Лунга 1, Врање (Jovana Jankovića Lunge 1, Vranje) за до 12.00 часот да се завршат административните процедури.

Ќе се вакцинираат единствено лицата кои ќе бидат официјално пријавени до МАН.

Вакцините и ревакцините за 100 медиумски работници се бесплатни.

МАН организираше и автобуски транспорт од Скопје до Врање и назад во вторник, 23 март 2021 година.

На вакцинацијата присутни ќе бидат и претседателите на УНС и МАН стои во соопштението на МАН.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот