Можно одложување на изборите во Црна Гора за октомври

Поради ситуацијата со новиот коронавирус во Црна Гора, претседателот на Управниот одбор на Центарот за мониторинг и истражување, Златко Вујовиќ, смета дека изборите, кои се закажани за 30 август, треба да се одложат.

Уставниот рок за нивно одржување е средината на октомври и според Вујовиќ, „треба да им се даде шанса на здравствените работници, но и на граѓаните, ситуацијата да се подобри”.

– Поради коронавирусот не треба животот да застане, но тоа не значи дека по секоја цена треба да се организираат избори во време кога епидемиолошката ситуација во земјата е лоша, смета Вујовиќ.

Тој истакна дека „изборите мора да се одржат и покрај Ковод-19, но во рамки на уставниот рок треба да се најде термин, дури и последниот – 18 октомври”.

– Можеби епидемијата ќе биде силна и во октомври, но можеме да кажаме дека сме направиле се како одговорни лица и да избереме термин кој им остава простор на нашите здравствени институции да дадат одговор на сето тоа, порача Вујовиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот