Можно е Специјалниот суд да го повика и Хашим Тачи на сослушување

EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Директорот на Центарот за хуманитарно право во Приштина, Беким Бљакај, изјави дека почетокот на работата на Специјалниот суд, и покрај предрасудите за него, може да му помогне на Косово и дека е логично овој суд да го повика и косовскиот претседател Хашим Тачи.

Гостувајќи на КТВ, Бљакај рече дека е важно и Специјалистичките комори да почнат со работа што е можно побрзо.

Тој смета дека не меѓународната јавна сцена постојат многу предрасуди.

-Специјалистичките комори, исто така, можат да му помогнат на Косово, бидејќи предрасудите се претерани, а со почетокот на процесот можат да се разјаснат многу работи, за злосторствата да не бидат предимензионирани- рече Бљакај.

Зборувајќи за можноста Специјалниот суд да го повика и Хашим Тачи, Бљакај кажа дека неговото име најчесто се споменува во извештајот на Советот на Европа, пренесува порталот Косово онлајн.

-Сосема е логично и тој да биде повикан на сослушување од специјалното обвинителство, но не можеме да знаеме во какво својство – осомничен или сведок- рече Бљакај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот