Можно е папата Франциск да ја посети Украина

Папата Франциск / Фото EPA-EFE/VATICAN MEDIA

Папата Франциск денеска изјави дека ја разгледува можноста набрзо да ја посети Украина.

„Не е лесно да се донесе одлука што може да му нанесе повеќе штета отколку корист на остатокот од светот. Морам да го најдам вистинскиот момент да го направам тоа“, истакна папата Франциско.

Тој додаде дека следната недела ќе има средба со претставници на украинската Влада во Ватикан и оти со нив ќе разговара за евентуална посета на Украина.

Војната во Украина го принуди Ватикан на деликатна дипломатска акција. Ватикан понуди да посредува во конфликтот, а папата Франциско неколку пати имплицитно го критикуваше рускиот претс дател Владимир Путин поради инвазијата, но не го именуваше. Тој исто така употреби термини како „неоправдана агресија” и „инвазија” и изрази жалење за ужасите врз цивилите.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот