Можно е и Белорусија да биде исклучена од квалификациите за ЕП 2024

фото: EPA-EFE/JEAN-CHRISTOPHE BOTT

Европската фудбалска унија (УЕФА) на претстојниот состанок на Извршниот комитет на 4 април ќе го разгледа можното исклучување на Белорусија од натпреварувањата што ги организира, особено од квалификациите за Европското првенство во 2024 година, објавија денеска „Кикер

– УЕФА одамна има намера да разговара за ситуацијата во Белорусија на претстојниот состанок – се вели во писмото на претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, испратено до 100 пратеници во Европскиот парламент.

Ова е директен одговор на полскиот пратеник Томаж Франковски, член на Комисијата за култура на Европскиот парламент.

Стотина пратеници од сите политички групи побараа од УЕФА кон средината на месецот да ја протера Белорусија поради нејзините врски со Русија и прашањето за почитување на човековите права во земјата.

– УЕФА го набљудува загрижувачкиот развој на настаните што ги споменавте – одговори Чеферин.

Неделава почнаа квалификациите за Европското првенство кое ќе се одржи од 14 јуни до 14 јули следната година во Германија. Квалификациите на Белорусија почнуваат в сабота од 18.00 часот против Швајцарија, а натпреварот ќе се игра на стадионот „Караѓорѓе“ во Нови Сад, Србија.

УЕФА: Русија нема да биде во жрепката за квалификациите за ЕП 2024

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот