Можно е Германија денеска да се збогува со шансите за нокаут-фаза на СП

Германија не смее да си дозволи нов пораз на СП 2022/фото: EPA-EFE/Friedemann Vogel

После шокантниот пораз на стартот од групата „Е“ од Јапонија, репрезентацијата на Германија не смее да си дозволи нов пораз на Светското првенство во Катар.

Следен ривал е селекцијата на Шпанија која започна фуриозно со триумф од 7:0 над Костарика.

Германците, кои според многумина треба да бидат меѓу фаворитите за титулата, можно е уште во групната фаза да се збогуваат со шансите за осминафинале, и тоа доколку загубат од Шпанија, а Јапонија триумфира или ремизира со Костарика.

Од 11.00 часот е натпреварот помеѓу Јапонија и Костарика, а дербито на денот Шпанија – Германија е од 20.00 часот.

До сега на светските првенства Шпанија и Германија четири пати се сретнале, на СП 1966 тогашна Западна Германија славеше со 2:1, потоа со истиот резултат на СП 1982 германските фудбалери исто така беа подобри. На СП 1994 немаше победник (1:1), а Шпанците единствената победа ја имаат на СП 2010 со резултат 1:0.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот