Можно е Британија да биде во „локдаун” до 17 јули, тврди „Телеграф“

Здравствениот систем во Британија e под притисок, Џонсон не воведува нови мерки /Фото: Yui Mok / PA Images / Profimedia

Британската Влада без поголеми проблеми ги измени законите за „локдаун”, со што е овозможено многу полесно донесување одлуки за затворање на пабовите, продавниците и јавните места до 17 јули, објави „Телеграф”.

Премиерот Борис Џонсон уште во петокот истакна дека Владата не размислува за олеснување на рестриктивните мерки, имајќи предвид дека бројот на заразени лицаи со коронавирус не се намалува.

Тој нагласи дека мерките ќе останат во сила се додека во Владата не бидат сигурни дека програмата за вакцинација делува на спречување на ширењето на епидемијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот